Кина го забрзува развојот на вакцините за омикрон варијантата

Кина ги забрзува истражувањеата и развојот на вакцините против Covid-19 особено насочени на омикрон варијантата на патогенот коронаирусот SARS-CoV-2, изјавија во четвртокот тамошните здравствени власти.

Засега во Кина не е забележан ниеден случај на зараза со омикрон варијантата на коронавирусот.

„Врз основа на разни технологии, забрзано работиме на истражување и развој на вакцини против омикрон варијантата“, изјави Женг Жонгвеи, шеф на специјалната група за развој вакцини против Covid-19.

„Потенцијалната вакцина против омикрон варијантата може во крајна линија и да не биде потребна, но е неопходно е Кина да се подготви“, рече Жанг.

Додаде дека засега нема цврсти докази дека омикрон варијантата го заобиколува имунитетот стекнат со вакцинирање, но се очекува дека повеќето постојни вакцини ќе помогнат во намалувањето на тешката форма на болеста и смртните исходи.

Кинескиот произведувач на вакцини „Sinovac Biotech“ потврди дека анализира дали нивната вакциниа делува против омикрон варијантата на коронавирусот, или мора да направат сосема нова вакцини.

Концернот „Shenzhen Kangtai Biological Products“ (BioKangtai) објави дека сака да соработува со другите институции во истражување на омикрон варијантата.

Кина во својата програма за вакцинирање против Covid-19 користи само препарати од домашната фарамцевтска индустрија и се подготвува следниот период да го одобри вакцините развиени во странство, што се очекува да се случи според принципот на реципроцитет.