Кина го започна своето истражување на другите планети

По 2.167 секунди, или 36 минути по лансирањето во четвртокот утрото, сондата „Тјанван-1“ успешно влезе во зададената орбита што го означува почетокот на првата фаза од кинеското истражување на другите планети, соопшти Државната вселенска управа.

Кинеското самоодно возило коешто утрово беше лансирано од Земјата кон Марс во рамките на првата ваква мисија во историјата на Кина ќе ј а истражува геологијата на Црвената планета.

Роботизираното возило на шест тркала е лансирано во заштитена сонда „Тјанван-1“ (Прашање за небото) од космодромот Венчанг со ракетата „Чанџенг-5“, во четвртокот ја достигна зададената орбита би требало во орбитата на Марс да влезе во февруари следната година.

Роверот „Тјанвен-1“ нема да слета на површината на Марс откако таму ќе пристигне уште два до три месеца, што на инженерите ќе им овозможи процена на атмосферските услови на планетата пред да започне сложениот процес на атерирање. Оваа стратегија, инаку, успешно ја користеле американските астронаути во 1970-те години.

Сондата по околу седум месеци лет ќе се доближи до Марс, по што ќе влезе во високата елипсовидна орбота со период на целосна обиколување од околу 10 дена. После тоа „Тјанван-1“ ќе направи маневри за преод кон поларната орбита на Марс, а потоа одново ќе ја смени на нова средишна орбита, на којашто ќе биде направено целосно обиколување околу планетата за два марсијански дена, односно 24 часа и 39 минути.

Севкупно, пред спуштањето на модулот во орбитата од која ќе го започне атерирањето „Тјанвен-1“ ќе мине речиси три месеци. Се очекува дека откако модулот ќе влезе во атмосферата до моментот на слетувањето во рамнината Утопија ќе минат 8 минути. По проверките на сите системи на површината на планетата, ровертот ќе ја напушти платформата и ќе започне истражувањето на Марс.

„Меѓу научините цели на мисијата се проучувањето на морфологијата и геиолошките карактеристики на површината, разместувањето на почвата и мразот, атмосферската јоносфера и карактерот на средината, физичките полиња и внатрешната структура“, соопшти кинеската Државна вселенска управа.

Се додава дека во текот на подготовката на мисијата Кина соработувала со Европската вселенска агенција, Франција, Австрија и Аргентина.

„Тјанвен-1“ потсетува на роверите „Spirit“ и „Opportunity“ на американска NASA од 2000 година. Тежи 240 километри и се движи со помош на соларни панели. На високиот јарбол се сметени камери за снимање кои помагаат во навигацијата, а пет дополнителни инструменти ќе придонесата за истражување на карпита и потрагата по вода и мраз.

Кога станува збор за истражувањата на Марс, досегашната статистика е дека речиси половината од сите досегашни обиди пропаднаа. Првиот обид на Кина на Марс да го испрати сателитот „Yinghuo-1“ пропадна откако неговиот руски носач откажа и се урна во Тихиот Океан. Досега само САД успеа да изведат подолги операции на Марс.