Кина го запре јавниот транспорт, блокирни 10 градови, затворени храмови и дел од Кинескиот ѕид – 26 мртви

Кина го запре јавниот транспорт во десет големи градови, ги затвори храмовите во текот на кинеската лунарна година, па дури и пекиншкиот Забранет град и делови од Кинескиот ѕид, за да го спречи ширењето на новиот коронаврус кој досега предизвика 26 смртни случи и со кој се заразени повеќе од 800 луѓе.

Петнаесетдневните празници пред почетокот на „Годината на стаорецот“ започнаа во петокот, додека растат стравувањзта дека бројот на заразените ќе порасне, имајќи предвид дека стотици милиони луѓе патуваат кон своите домови и во странство. Шангајскиот забавен парк „Дизниленд“, исто така, ќе биде затворен од сабота, за да се спречи ширење на вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во четвртокот објави дека е прерно да се прогласи меѓународна вонредна состојба, поради појавата на новиот сој коронавирус во Кина. Случаи на зараза со овој вирус се иднетификувани и надвор од Кина, во Тајван, Филипони, Тајланд, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја и САД. Голема е можноста зарзени да има и во Велика Британија.

Во Вухан, 11-милионскиот град во централна Кина чиј пазар за храна се смета за епицентар на епидемијата кон крајот на декември, аптеките известија дека им се намалиле резервите од лековите, додека болниците се пренатрупани со луѓе кои бараат да бидат прегледани.

„Има многу вести, многу информации, на секои десет минути излегува нова информација, тоа е застрашувачки, особено за луѓето какко нас во областа којашто е најзафатена. Дури и доколку не сте болни, станувате параноични дека ќе се разболете“, рекла за Reuters Лили Џин, 30-годишна жителка на Вухан.

До четвртокот кинеската Национална здравствена комисија потврди 830 случаи на заразата, а 26 лица ппочинале. Повеќето од заразените се од градот Вухан. Претпоставка е дека вирусот се проширил од пазарот со нелегални диви животни, а прелиминарните истражувања сугерираат дека во рецентнта фаза од еволуцијта вирусот минал од змија на човек.

Во централната покраина Хубеи, покрај Вухан, кој има 11 милиони жители, и соседниот Хауанган со 7,5 милиони жители, блокирани се и градовите Чиби (534 илјади луѓе), Ехџоу (1,08 милиони), Ксинтао (1,6 милиони), Сиџијанг (550 илјади), Чингџијанг (963 илјади), Хуангши (2,7 милиони), Енши (809 илјади) и Ксијанг (2,5 милиони). Железничката мрежа во најголем дел е затворена, летовите се суспендирани, додека на главните патни правци во градовите и надвор од нив се фомирани контролни пунктови.