Кина годинава за одбраната ќе потроши над 150 милијарди долари

126
кина

Точната сума на одбранбениот буџет изнесува 1,044 билиони јуани (151 милијарди долари), што значи негово зголемување за седум проценти во однос на  буџетот од минатата година.

Претходно оваа наведена сума не беше ставена во владиниот извештај за одбранбениот буџет, што беше поднесен во Парламентот. Министерството за финансии соопшти дека пратениците, сепак, биле информирани за точната сума.

Кина го обезбедува вториот најголем во светот буџет во областа на одбраната. Но, Пекинг троши едвај една четвртина од тоа што го троши првиот трошација во оваа сфера – САД. Властите никогаш не дале објаснување за тоа како се трошат парите, туку само прецизираат дека повеќето пари одат за подобрување на условите за живот на кинеските војници.

Според аналитичарите, скромниот раст на буџетот за одбрана ја покажува добрата волја на Кина да ги избегнува конфликтите и да ја поддржува регионалната стабилност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.