Кина и Јапонија поради коронавирусот откажуваат важни настани

Кина во понеделникот објави дека размислува да го одложи годишното заседание на парламентот, а Јапонија одлучи дека годинава нема да се одржи прославата на роденденот на царот Нарухито, поради стравот од ширењето на новиот сој на короноварусот.

Кина за одложување на седницата којашто според распоредот треба да се одржи на 24-ти феврувари. Одлуката ќе ја донесе Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес, пренесува агенцијата Xinhua.

Кина во понеделникот извести за 2.048 нови случаи на зараза, од кои 1.933 во покраината Хубеи, од јаде започна епидемијата, Ширум државата заразени се околу 70.000 луѓе.

И Јапонија во понеделникот објави дека ќе ги ограничи јавните собир за да се спречи натамошното ширење на коронавирусот. Токио се откажа од прославата на роденденот на царот Нерухито на 23-ти февруари, првата откако минатата година беше крунисан. Овој настан традиционално привлекува десетици илијади луѓе во Царскиот дворец во центарот на јапонаската престолнина,. Последен пат оваа прослава е откажана во 1996 гдона, поради заложничката криза во јапонската амбасада во Перу.

Градските власти на Токио и организацискиот одбор одлучија да ја ограничата и маратонската трка само на професионални тркачи, иако за трката се пријавиле 38.000 луѓе. Токискиот маратоне, инаку, е еден од најмасовните на светот. Сега ќе се трекаат 176 професионални маратонци и 30 параолимпијци.

Токио оваа година е домаќин и на летните Олимписки игри. Организаторите засега не размислуваат за откажување на овој најелитен и најмасовен спортски настан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.