Кина и Русија во фокусот на стратегијата на армијата на САД

Американската армија го ставила во фокусот на својата нова национална одбранбена стратегија објавена во петокот спротиставувањето на Кина и Русија, што е последен во низата сигнали за промената на американските приоритети по повеќе од петнаесет години фокусирање на борбата против исламските милитанти со што споменатите две земји станале поопасни за САД од џихадистичкиот тероризам.

Стратешкиот документ, првиот таков од 2014 година, ги поставува приоритетите за американското министерство за одбрана што би требало да се одрази врз идните издвојувања за одбраната на САД. Пентагон верзијата на овој документ на 11 страници ја објави во петокот.

Таканаречената „национална одбранбена стратегија“ претставува последниот знак за решителноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да се занимава со предизвиците коишто според неа наводно доаѓаат од Кина и Русија, и покрај повикот на Трамп за подобрување на односите со Москва и Пекинг.

„Станува сѐ појасно дека Кина и Русија сакаат да го обликуваат свето во согласност со нивниот автократски модел, со добивање на овластувањето за вложување вето на економските, дипломатски и безбедносни одлуки на другите земји“, се наведува во документот. Тоа се совпаѓа со стратегијата на Белата куќа објавена претходно во ноември.

Елбриџ Клоби, заменик на министерот за одбрана на САД за развој ан стратегиите и силите, изјавил на брифингот за новинарите дека Русија е „многу подрска“ од Кина во своето „користење на воена сила“.

Во документот, меѓу главните приоритети на Пентагон, исто така, се споменува Северна Кореја и се наведува потребата од фокусирањето на американската ракетна одбрана против заканите од Пјонгјанг, кој освен „нуклеарно оружје, натрупал арсенал од био0лошко, хемиско и конвенционално“ вооружување.

Се наведува, исто така, дека исламските милитанти и натаму претставуваат закана за САД.