Кина и САД разменуваат обвинувања пред СТО

44

Кина и САД разменија во понеделникот пред Светската трговска организација (СТО – WTO) меѓусебни обвинувања за нечесни трговски практики.

Вашингтон го обвини во понеделникот Пекинг дека со својата „нечесна конкурентска практика“ им штети на странските компании и на работниците, со што ги крши прописиите на СТО, и најави дека САД ќе ги предводат реформите.

Американскиот претставник во споменатата трговска организација, Денис Шеј, зборуваше на почетокот од дводневната седница на којашто ќе се разгледува американската трговска политика. Станува збор за состанок кој се одржува секои две години во СТО. Американската економија „е една од најотворените и најкомпетитивните на светот“ и е меѓу оние кои имаат најниски царини на светот, тврдеше Шеј.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е предадена на компетитивниот пазар и на слободната, чесна и реципрочна трговија, додаде претставникот на САД. Шеј притоа ги отфрли критиките дека Америка се’ повеќе станува „еднострана и протекционистичка држава“.

Меѓутоа, Кина продолжува да спроведува „непазарна индустриска политика и други нечесни компетитивни практики“, за да ја поддржи сопствената индустрија и да ги ограничи или дискриминиран странските компании и нивните стоки и услуги, рече Шеј. „СТО не е добро опремена за да одговори на овој предизвик од Кина која во економијата и трговијата и натаму е меркантилистички ориентирана и практикува државно стопанство“, рече Шеј.

Неговиот кинески колега во организацијата, Жанг Ксијангчен пред СТО ги повикаа САД да спроведат реформи на меѓународната организација, меѓутоа од „позиции на еднаквост“. Ги обвини САД дека спроведуваат мерки, како што се наметнувањето на царините на челикот и интелектуалната сопственост и така се закануваат со враќање на „едностраната политика“.

Кина подготвува редица одмазднички мерки доколку САД воведат нов пакет намети за кинеските стоки, и притоа се рагледува варијантата од наложување соодветни царински давачки за американските стоки, предупредул Ксијангчен.

„Молите колеги во престолнината ја подготвуваат оваа опција. Ние се’ уште го цениме мултилатералниот трговски систем, но во воздухот се чувствува мирисот на трговската војна“, го цитираат светските агенции кинескиот претставник во СТО, во неговиот одговор на американските обвинувања и барања.

Според медиумите, потенцијалните одмазднички царини на Кина ќе бидат насочени против неодамнешните увозни давачки на САД за соларните панели.

Според одлуката на претседателот Трамп увозните давачки за соларните панели ќе изнесуваат 30 отсто во првата година, 25 проценти во втората и 20 отсто во третата година. Исто така, од јануари, беа зголемени и давачките за увозот на кинеските машини за перење, до 20 отсто за првите 1,2 милиони уреди, и до 50 отсто за сите други кои ја надминуваат споменатата бројка. Министерството на САД ќе ги утврди новите трговски мерки против Кина во рок од два месеца.

Во интервјуто објавено претходно во понеделникот, Ксијангченг вели дека Кина поднела жалба во СТО против пакетот нов давачки, коишто Трамп треба да ги објави подоцна седмицав, во четврток. Според соопштението на Белата куќа, тој ден е планирано потпишување на меморандумот „за борба со економската агресија на Кина“.

Претходно портпаролот на челникот на меѓународната организација, Раџ Шах, потврди дека САД ја сметаат кинеската влада за одгогворна за намерните обиди да се манипулира со пазарот и кражба на американсмки технологии и интелектуална сопственост.

„Законско право е на Кина да поднесе жалба. Но јас не би исклучувал и други опции, бидејќи доколку ви се заканува поплава, тогаш мора да подигнете брана за да го издржи притисокот“, вели Ксијангченг. Истанкува, исто така, дека новите американски царини ќе биде уште потешко да се бранат пред СТО. Според него, осппоруваните царини на алуминиумот и челикот не го оправдале критериумот за нивното воведвуа за „суштествена важност“ за националната безбедност на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.