Кина им забрани на туристите пристап до базниот логор за Еверест од Тибет

Кина забрани пристап за туристите до базниот логор за искачување на Монт Еверест од Тибет, бидејќи во тек е акција на одвезување на сметот наталожен од многубројните првенствено комерцијални експедииции кои го загадуваат „Покривот на светот“, објавија во петокот кинеските државни медиуми.

Забраната се однесува на „обичните туристи“, додека алпинистите кои ги издејствувале потребните дозволи и натаму имаат право на искачување на највисокиот светски врв.

Пристапот ќе биде затворен од областа над манастирот Рангпо на околу 5.000 метри надморска височина. Новиот базен логор ќе биде сместен на околу два километра од досегашниот.

Еверест, кој е висок 8.848 метри, се наоѓа меѓу Непал и Кина, односно Тибет, и последните оваа област освен алпинистите во сѐ поголем број го посетуваат и туристи. Бидејќи пристапот од непалската страна е значително популарен и се создаваат вистинските гужви, алпинистите сѐ повеќе се свртуваат кон пристапот од Тибет.

Освен забраната за пристапот на туристите во базниот логор, Кина има намера да воведе и обврска за префрлувањето на телата на алпинистите загинати над 8.000 метри височина, и да го ограничи бројот на алпинистите во базниот логор на 300.

Кина минатата 2018 година спроведе три акции на чистење на планината над 5.200 метри, собирајќи „повеќе од осум тони ѓубре, човечки измет и алпинистичка опрема“.