Кина има најголем план за мешање во изборите во САД, тврди О’Брајан

Од сите земји кои се обидуваат да се вмешаат во американските претседателски избори, Кина има најголема програма и во тоа игра најактивна улога, изјави советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан.

„Знаеме дека Кинезите играат најативна улога“, рекол О’Брајан на брифингот со новинарите.

Американските разузнавачки служби сѐ уште тврдат дека Русија водела сајбер кампања за исходот од изборите во 2016 година да го сврти во полза на републиканецот Доналд Трамп, а имаше и извештаи дека наводно може да се обиде да влијае и на претседателските избори годинава.

Москва повеќепати го отфрли овие тврдења во кои не се приложени никави докази, па и делумно се побиени и во самите САД. Напротив, неодамшениот извештај на комисијата за безбедност на рускиот парламент документираше зголемен раст на илјадници хакерски напади врз руски институции и компании од територијата на САД.

„Многу јасно им порачавем на Кинезите, Русите, Иранците и на другот кои не се јавно откриени, дека секој кој ќе се обиде да влијае на американските избори ќе мора да се соочи со тешки последици“, изјавил О’Брајан кој во август изјави дека САД откриле дека кинески хакери ја напаѓаат американската изборна инфраструктура.

Официјален Пекинг упорно ги негира тврдењата на американските администрации низ годиниве, дека ги хакира американските компании, политичари или партиите.