Два случаи на инфекција со новиот сој коронавирус 2019-nCoV се откриени кај новороденчиња во кинескиот град Вухан, епицентарот на ширењето на епидемијата, соопшти во средата градската детска болница каде ја разгледуваат можноста за пренесување на вирусот од мајката на детето.
„Детската градска болница на градот Вухан потврди два случаи на заболувањето со новиот тип коронавирус. Кај помладиот од нив дијагнозата е поставена 30 часа по раѓањето. Неонатолозите размислуваат за можноста за вертикално пренесување на вирусот од мајка на дете (кога се форимираат вродени заболувања)“, се вели во соопштението на болницата.
Од соопштението произлегува дека пациентот е роден на 2-ри февруари од заразена мајка. По 30 часа бил направен тест на крвта за присуство на коронавирусна нуклеинска киселина кој бил позитивен. Новороденчето биле пренесено во детска болница во стабилна состојба и нормална температура, но се забелажани симптоми како проблеми со дишењето и помали нарушувања на црниот дроб.
Другото дете е родено на 13-ти јануари и тогаш било здраво. На 26-ти јануари дијагнозата за новиот вид пневмонија е потврдена кај неговата мајка, а на 29-ти јануари кај новороденчето се развило кашлање, повраќање и треска и по два дена е пренесено од породилиштето во детската клиника во Вухан. Како што се наведува, неговата состојба е стабилна.
На 31-ви декемви 2019 година кинеските здравствени власти ја известија Светската здравствена органзиација (СЗО – WHO) за појава на пневмонија во Вухан чиј причинител не е познат. Експерите го идентификуваа предизвикувачот на болоста како коронавирус 2019-nCoV. Бројот на заразените во континентална Киан надмина 24.300, од кои 490 починале. Повеќе од 170 лица се инфицирани во околу 23 земји во светот, од каде се пријавени два смртни случаи.