Кина испраќа помош, но не и нови тимови во областите погодени од земјотресот

Пекинг денеска испрати втор контингент помош во северозападна Сирија, но на спасувачките тимови кои се уште не отишле во областите на катастрофата им порача да ги откажат патувањата.

Во меѓувреме, кинеското друштво на Црвениот крст испрати нови залихи помош, вклучувајќи памучни шатори, јакни и медицински материјали.

Кина веќе им даде финансиска помош на Турција и Сирија и испрати бројни спасувачи.

Кина планира да испрати повеќе медицинска опрема, вклучувајќи електрокардиограми, инструменти за дијагностика со ултразвук, медицински возила и болнички кревети, јавија локалните медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.