Кина испрати сонда на Месечината, за да собере карпи

Кина денеска испрати сонда на Месечината, која се очекува да собере карпи од Месечината и да се врати на Земјата, во првата ваква операција во светот по повеќе од 40 години.

Ракетата со сондата беше лансирана од вселенскиот центар Венчанг, на јужниот тропски остров Хаинан.

Мисијата Чанг’e 5, именувана по божицата на Месечината во кинеската митологија, е досега најамбициозната кинеска мисија на Месечината.

Доколку биде успешна, тоа ќе биде голем чекор напред за вселенската програма на Кина, а некои експерти велат дека тоа може да биде подготовка за земање примероци од Марс, па дури и за мисии на Месечината со екипаж.