Кинескиот јазик е „најмајчин“ во светот

Кинескиот јазик е „најмајчин“ во светот

Најмалку 7.102 јазици се говорат денес ширум светот, но секој од нив има различен број на родени говорители, односно лица на кои одреден јазик им е мајчин.

За потребите на кинескиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“, новинарот Алберо Лукас Лопез од Хонг Конг, направи анлиза со интересна иконографија за тоа кои јазици се најзборувани во светот и во кои држави се говорат.

Во својата анализа Лопез вклучил 23 јазици, кои се мајчини јазици на 4,1 милијарди луѓе од целиот свет. Во оваа бројка се вклучени само лица на кои овие 23 јазици им се мајчини, а не и луѓето кои ги знаат или говорат, покрај нивниот мајчин јазик.

Сосема очекувано кинескиот јазик е „најмајчин“ јазик, односно процентуално тој им најголем број родени говорители.

Веднаш зад кинескиот, е шпанскиот јазик, а на третоти место се најде англискиот јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.