Кина ќе одржи воени вежби во близина на Тајван

Кина следните денови ќе одржи воени маневри во близина на Тајван, објави во неделата кинеското министерство за одбрана откако челништвото на островот кој Пекинг го смета за отцепена своја територија престојуваше во САД и по неодманешното одобрување на Вашингтон за продажба на оружје на Тајпеј.

„Народно-ослободителната армија на Кина ќе одржи воени вежби во воздушниот простор и морскиот акваториум на југоисточното крајбрежје. Станува збор за однапред планирани настани, во согласност со годишниот план на вооружените сили“, се истакнува во соопштението.

Кинеското министерство за одбрана не дава повеќе поединости, меѓутоа во медиумите веднаш се појавија шпекулации дека терминот за одржување на воените маневри не е случајно избран, и оти Пекинг со тоа сака да им испрати недвосмислена порака до Тајпеј и Вашингтон за неопходноста да запрат со провокациите, откако повеќекратните апели на кинеската дипломатија немаа ефект врз развојот на ситуацијата во регионот.

Американскиот Стејт департмент претходно месецов ја одобри продажбата на Тајван на тенковите „M1A2T Abrams“, ракетните противвоздушни системи „Stinger“, како и друга опрема за овие вооружувања во вреднос од над 2 милијарди долари. Тајван бараше да му бидат продадени 108 тенкови со специјална модификација, 14 гасенични оклопни возила за поправка и евакуација „M88A1“, 16 теглачи, како и 300 тешки митралези, различна муниција и опрема за воената техника. Покрај тоа, одобрена е и можна продажба на повеќе од 250 комплети за системиет „Stinger“ за сума поголема од 223 милиони американски долари.

Кинеското министерство за надворешни работи изрази официјален протест до САД во врска со одлуката за продажба на оружје на Тајван, и соопшти дека Пекинг може да наметне санкции за одредени американски компании кои се поврзани со оваа зделка. Истовремено, напнатите односи меѓу Пекинг и Вашингтон беа влошени и поради четиридневната посета на тајванската претседателка Тцаи Инг-вен на Њујорк.

Кинеската министерство за надворешни работи постојано потенцира дека „Тајванското прашање“ е едно од најчувствителните во билатералните односи меѓи САД и Кина. Пекинг ги критикува односите на другите земји со Тајван, кој го гледа како своја покраина. Кинеските власти редовно протестираат и бараат од Вашингтон цврсто придржување на политиката на „една Кина“, а Тајван го сметаат за своја одментната покраина. Кинеските власти и претходно остро ги критикуваа американските планови за вооружување на тајванската армија.

Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и влсстите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. Деловните и неформалните контакти меѓу Тајван и континентална Кина беа обновени кон крајот на 1980-те години. Од почетокот на 1990-те години, пак, двете страни почнаа да комуницираат преку невладини органиации: пекиншката Асоцијација за рзавој на односите преку Тајванскиот теснец и Фондацијата за размена прек теснецот во Тајпеј.