Кина: Ќе возвратиме ако САД не запрат со провокациите во Јужното море

САД треба да запрат со провокациите во Јужното Кинеско море, или вооружените сили на Кина ќе бидат принудени да преземат соодветни мерки, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.

Бараме американската страна да ги прекине провокациите. Војниците на јужниот воен округ на Кина внимателно ја следат ситуацијата и во случај на потреба ќе преземат соодветни дејствија и ќе ја заштитат националната безбедност и суверенитет, се додава во соопштението.

Претходно агенцијата Reuters соопшти дека два ракетни воени брода од морнарицата на САД демонстративно пловеле крај еден од островите Спратли (Нанша) во Јужното Кинеско Море, во предели на зоната, кои Пекинг ги прогласи за свои територијални води.

Според податоците на агенцијата, бродовите учествувале во американската операција за воспоставување на трговска слобода крај стратешки важниот гребен Мисчиф. САД веќе неколкупати упатуваат свои воени бродови во овој регион, нагласувајќи дека не ги признаваат овие води како кинеска територија.