Кина може да ја спречи системската криза поради „Evergrande“, оценува ММФ

Кинеската влада псоедува алатки со коишто може да спречи проблемите на презадолжената компанија за развој на недвижнините „Evergrande“ да предизвикаат системска криза, порачаа во средата од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).

Секторот на недвижнини е голем дел од кинската економија и потенцијалното пропаѓање на „Evergrande“ би можело да има последици врз стоапнските активноти и финасиската стабилност, рече водечката економистка во ММФ, Гита Гопинат.

„Многу внимателно ги следиме настаните во Кина. И натаму сметаме дека Кина има алатки и простор за мерки кои би спречиле тоа да прерасне во системска криза“, изјави Гопинат истакнувајќи дека решението на проблемот на презадолжениот сектор на недвижнини бара измени на регулативата.

Компанијата „Evergrande“ натрупала долг од 300 милијади американски долари, а во средата соопшти да постигнала договор со домашни кредитори за одложување на плаќањето на 35,9 милиони долари во купонски камати на обврзницата која доспева за наплата во септември 2025 година. Договорот за одложување на уплатите е постигнат во „преговорите надвор од пазарот“, се наведува во соопштението.

Меѓутоа, вистинскиот тест ја очекува компанијата во четврток кога треба да плати 83,5 милиони долари камати на обврзницата која доспева за наплата во март 2023 година. Таа во соопштението не е спомената.

Следната седмица би требало да платат уште 47,5 милиони долари камати на обврзницата која доспева за наплата во март 2024 година. „Evergrande“ има 30 дена време да ги уплати парите, по истекот на службениот рок.

Многу финансиски институции се изложени на „Evergrande“ преку разни кредитит и индиректни удели, па проблемите со набавка на пари за плаќање на каматите предизвикаа нервоза.

Кинеската централна банка се обиде да ги смири инвеститорите со инјектирање 90 милијарди јуани (14 милијарди американски долари) во банкарскиот систем, сигнализирајќи дека е подготвена да ги поддржи пазрите пред очекуваното реструктуирање на долгот на „Evergrande“.

Компанијата којашто во Кина дејстува под називот „Heng Da Group“, поседува повеќе од 1.300 градежни објекти во повеќе од 280 градови низ земјата. Основана е во 1996 година во јужна Кина и во моментов е вториот по големина кинески за развој на недвижнини.