Кина на коронавирусот ќе тестира цел град со 9 милиони жители

Властите на кинескиот град Чингдао во источната провинција Шандунг донесоа решение за масовно тестирање на коронавирусот на целото деветмилионско население, откако се потврдени шест нови асимптоматски носители, и петмина локални жители, соопшти во понеделникот градскиот Комитет за хигиена и здравство.

Според одобрениот план, тестирањето на жителите од пет одделни населби од градот ќе заврши во следните три дена, а тестирањето на целата популација на градот се очекува да заврши за пет дена. Околу 114.862 лица, вклучително и медицинскиот персонал и новохоспитализираните пациенти во градските болници, веќе се негативно тестирани на коронавирусот, се наведува во соопштението.

Чингдао е голем трговски, економски и туристички центар во источна Кина. Во текот на периодот на ткн „златна седмица“ кој заврши на 8-ми октомври, денот на формирањеот на Кина и празник на есента кој започнува на 1-ви октомври, градот го посетиле над 4,7 милиони туристи од другите кинески региони. Бројноста на постојаното население на Чингдао на крајот од 2019 година, според официјалните податоци, изнесува 9,4 милиони жители.

Градските власти веќе воведоа режим на итно реагирање на моменталната епидемиолошка состојба во Чингдао. Државниот Комитет за хигиена и здравје во понеделникот испрати во градот специјална работна група за да им помогне на локалните здравствени власти.

Во моментов, како што известува новинската агенција Xinhua, во различни квартови од градот пред пунктовите за тестирање има големи редици жители кои добиле известување дека треба да се подложат на тестот за откривање на нуклеинска киселина кај новиот тип коронавирус.

Случаите на асимптоматските носители откриени во Чингдао, според официјалните податоци, се поврзани со градската болница за болести на градите. Од неделата 11-ти октомври, болницата престанала да прима пациенти, а властите работат на идентификување на лицата кои стапиле во контакт со заразените.

Кинеските власти во изминатото деноноќие потврдија 53 случаи на инфекција со коронавирусот во континенталниот дел од земјата, од кои тројца се локални жители, а другиот дел се ткн „увезени“ случаи на коронаинфекцијата. Бројот на лицата заразени со коронавирусот од декември 2019 година изнесува 85.578, од кои 94,31 отсто биле излекувани. Вкупно 4.634 луѓе починаа од компликации предизвикани од коронавирусот.