Кина најави нови царини за производи од САД во износ од 50 милијарди долари

Државниот совет на Кина во средата одобри 25-процентни намети на 106 американски производи, вклучително и автомобили и петрохремиски производи, како и грав и соја, некои типови авиони и пченкарни производи меѓу кои и земјоделски производи, објави новинската агенција Xinhua.

Вредноста на производите коишто ќе бидат погодени со царините се проценува на 50 милијарди американски долари остварени на 2017 година, се наведува во одвоено соопштение во министерство за трговија.

Дополнителни давачки ќе бидат воведени и на производите како виски, цигари и тутун, потоа за некои видови говедско место, како и за лубриканти, пропан и други пластични производи, се додава во информацијата. Американски сок од портокал, одредени производи од шеќерна трска, памук, некои видови житарки како и камиони, дел од теренеските возила, одредени електронски возила, исто така, се опфатени со новите царини.

„Датумот од кој ќе важи оваа одлука ќе биде објавен подоцна“, се вели во соопштението на кинеското министерство за финансии. Како што се наведува, овие услови непосредно ќе зависат од тоа кога владата на САД ќе ги примени планираните давачки за кинеските стоки.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот го подигна влогот за растечка трговска пресметка со Кина, најавувајќи цариници од 25 отсто на околу 1.300 кинески производи во сферата на индустриската технологија, сообраќајот и медицината, во обидит да се принуди Пекинг на промени во практиката почитување на интелектуалната сопственост.

Бирото на американското трговско претставништво претстави листа од производи кои опфаќаат околу 50 милијарди долари увоз проценети за тековната 2018 година. Листата содржи производи од хемиски производи до телевизири, моторни возила и електронички компоненти.

Со објавување на листата на кинеските производи започнува рокот за јавната расправа и консултации кои ќе траат околу два месеца, по што Бирото ќе ја донесе конечната одлука за царините.

Во Бирото на американското трговско претставништво велат дека најавените царини се „одговор на кинеската политика којашто ги принудува американските компании на пренесување на своите технилогии и интелектуални сопственишта на кинеските претпријатија“.

Кина, меѓутоа, ги отрфрла обвинувањата дека нејзините закони ги принудуваат Американците на трансфер на технологијата, а на најавата на новите царини се закани со „преземање соодветни мерки во ист обем и сила кон американските производи“, што го оствари во средата.

Најавата на новите американски царини следеше откако Кина наметна царини на увозот на американското овошје, ореви, свинско месо и вино во вредност од 3 милијарди долари во знак на протест против царините на кинескиот челик и алуминиум, кои минатиот месец ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Ваквиот натпревар на двете најголеми светски економии ги поттикна стравувањата дека САД и Кина би можеле да се вовлечат во трговска војна којашто би го уништила голобалниот раст.