Кина нема да гради термоцентрали на јаглен во странство

Кинескиот претседател Кси Џинпинг во обрќањето на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот порача дека Кина повеќе нема да гради нови термоцентрали на јаглен во странство, како свој придонес во решањето на проблемот со климатските промени.

„Кина ќе ја засили поддршката за други земји во развојот на зелената енергија и енергиите со низок удел на јаглеродите, и нема да финансира нови проекти на јаглен во странство“, изјави Кси во снименото видео-обраќање на годнишното собрание на ОН, во коешто ги истакна кинеските мирољубиви намери во меѓународните односи.

Кина беше под дипломатски притисок да го прекине финансирњето на проекти за добивање енергија од јаглен во други земји, бидејќи тоа би олеснило да остане на правецот кон исполнувањето на целите од Парискиот климатски договор за намалување на емисиите на јаглерод.

Најавата на претседателот Кси следепе по сличните потези на регионалните индустриски развиени земји Јужна Кореја и Јапонија претходно годинава, а генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш и американскиот специјален претставник за климата, Џон Кери, ја повикаа Кина да го следи примерот на азиските соседи.

Кси повтори дека Кина врвот на емисиите ќе го има пред 2030 година и дека до 2060-та ќе има нулта стапка на емисија на штетните гасови. Кина во моментов се смета за најголем емитер во светот на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, бидејќи и натаму во голема мера се потпира на јагленот своите домашни енергетски потребни.