Кина одмазнички го забрани BBC, за Лондон тоа е „неприфатлив напад на слободата на медиумите“

Кинескиот регулатор за аудиовизуелни содржини објави во четвртокот дека е забрането емитувањето на британскиот јавен радиодифузер BBC во Кина, потегот следува откако пред една седмица британскиот регулатор ја одзема лиценцата на кинескиот исте сервис, а сега Лондон чекорот на Пекинг го оцени како „неприфатлив напад врз слободата на медиумите“.

Кинеските власти сметаат дека содржината на британскиот меѓународен информативен канал „сериозно ги прекршил“ насоките кои се на сила во оваа земја. Надлежното тело соопшти дека сервисот BBC World News го прекршил принципот според кој „информациите мора да бидат точни и чесни и не смеат да ги доведуваат во прашање националните интереси на Кина“, па поради тоа повеќе не го дозволува емитувањето на BBC во земјата.

Забраната настапила по жестоката реакција на Пекинг, како што сметаат во Лондон, откако BBC на 3-ти февруари емитуваше репортажа за наводни мачења и сексуални насилства на жени од ујгурската етничка заедница (пратурско исламско малцинство во Кина) во кинески логори.

„Разочарани сме што кинеските влатсти одлучија да ја преземат оваа мерка. BBC е најголемиот меѓународен информативен канал на светот и покрива теми од целиот свет чесно, непристрасно без страв и наклонетост“, изјави портпаролката на британскиот радиодифузер.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб предупреди на „неприфатливите повреди на слободата на печатот“. Американскиот Стејт департпемент, пак, наведе дека „апсолутно ја осудува“ забраната за емитување на BBC во Кина.

„Кина ги има едни од најригоризните ограничувања за слободата на медиумите и интернетот на светот и последната мерка само го урива угледот на Кина во светот“, напиша Рааб во ракцијата на Twitter.

Меѓутоа, прехтодно на 4-ти февруари британскиот медиумски регулатор ја одзема лиценцата за емитување на кинескиот меѓународен телевизискиот канал, оценувајќи дека Комунистичката партија на Кина го има конечниот збор во уредувачката политика, а тогаш истовремено Пекинг официјално се жалеше на наинот на кој британскиот јавен редиодифузен сервис BBC известува во врска со пандемијата на Covid-19.

Британскиот регулатор Ofcom, тогаш наведе дека спровел истрага и заклучил дека телевизискиот канал China Global Television Network’s (CGTN) всушност го контролира Комунистичката партија на Кина.

„Нашата истрага покажа дека лиценцата за China Global Television Network’s (CGTN) е во рацете на ентитет кој нема уредувачка контрола над својата програма. Не можеме да го одобриме барањето за лиценца на кинеската корпорација, бидејќи ја контролира Комунистичката партија на Кина, што не е дозволено според британските закони за електронските медиуми“, наведоа минатата седмица од Ofcom.

Кина набрзо по ова соопштене поднесе „остар приговор“ притив BBC поради неговиот начин на покривање на пандемијата на Covid-19 кое ги смета за „лажни вести“ и побара јавно извинување.

Кинеското министерство за надворешни работи се жалеше на прилогот на BBC од 29-ти јануари за коронавирусот, тврдејќи дека британската телевија ја „поврзал пандемијата со политиката“ и за „повторување на теоријата за кинеското забошотување“ на пандемијата. Како што беше истакнато во приговорот, BBC тврди дека кинеската Комисија за превенција од вирусот користела насилство во спроведување на законот, а Пекинг повторно појаснува дека станува збор за снимка од антитерористичка вежба.

Пекинг ја повика BBC да престане да биде идеолошки пристрасна, да престане да ја клевети Кина и чесно, професионално и етички да известува за Кина. Од BBC тогаш не сакале да го коментираат случајот на барање на агенцијата Reuters, како и на други медиуми.

Лондон и Пекинг со месеци наназад разменуваат обвинувања поради задушување на протестите во Хонгконг, поради технологијата на кинескиот технолошки гигант „Huawei“ и наводните безбедносни импликации од користењето на нејзината технологија во новата генерација мобилни комуникациски мрежи 5G, како и кинеското третирање на муслиманската етничка заедница Ујгури, чии припадници Пекинг ги обвинува за серија терористички напади во Кина и дека се зврзани со џихадистичките групации во регионот.