Кина одобри клинички испитувања на три вакцини за коронавирусот

Кинеските власти одобрија клинички испитувања на три вакцини од коронавирусот SARS-CoV2, соопшти во вторникот Ву Јуанбин шефот на одделот за научен и технолошки развој на кинеското министерство за наука и технологија.

Јуанбин прецизира дека прв бил одобрен препарат базиран на основите на аденовирусен вектор, создаден од тимот научници предводен од академикот Чен Веи. Минатата седмица научниците започнале да регрутираат волонтери за втората фаза од тестови, и според Јуанбин, тоа е првата вакцина во светот против коронавирусот којашто стасала во оваа фаза.

Покрај тоа, одобрение за кличнички испитувања за инактивирана вакцина добила и групацијата составена од научниот тим од градот кој се смета за жариште на пандемијата на Covid-19 – од Институтот за вирологија во Вухан при кинескаа академија на науките и Институтот за биолошки препарати, кој е во составот на „ Sinopharm Group“, како и пекиншката компанија „Sinovac Research & Development Co.“.

Кинеските научници и специјализираните компании не се насочија на добивање само еден вид вакцина, туку започнаа со испитувањето на пет вакцини наеднаш на база на жива атенуирана грип, рекомбинантна подединечна, инактивирна, заснована на аденовурусен вектор и заснована на никлеинските киселини.

Според главниот епидемиолог во Кина, Чун Ноншан, најбрзо се одвива развојот на препаратот базиран на аденоворусен вектор и на инактивирана вакцина.

Испитувањата во фаза во која тие се вршат на луѓе на кинеската вакцина против SARS-CoV-2 врз основа на рекомбинантнен аденовирусен вектор започна кон средината на март, и во нив учествуваа 108 волонтери, кои беа поделени во три групи од по 36 лица. Првата група испитаници добила мала доза, втората – средна, а третата висока. Резултатите од првата фаза од испитувањето сѐ уште не се познати во јавноста. Клиничките испитувања на овој препарат ќе траат до крајот на декември, и доколку тој се покаже ефикасен, може да биде пуштен на пазарот побрзо од вообичаениот период потребен за добивање вакцина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.