Кина останува на својата енергична стратегија против Covid-19

Кина ќе биде истрајна во својата енергична стратегија за сузбивање на случаите на Covid-19 штом ќе се појави, соопштија во саботата здравствените власт, додавајќи дека мерки мора да се спроведуваат попрецизно земајќи ги предводи потребите на ранливите лица.

Строгиот пристап за сузбивање на коронавирусот во Кина и натаму успева да го контролира вирусот и покрај појавата на високозаразните соеви и бројните асимптоматски носители на вирусот, изјави претставникот на Националната здравствена комисија на брифингот за новинари.

Кинеската политика на нулта толеранција на коронавирусот вклучува затворање на цели квартови, карантин и ригорозно често тестирање со цел да се спречи ширење на вирусот меѓу најнаселените мултимилионски градови во земјата.

Западните компании се загрижени поради таквите мерки, поради тие ги нарушуваат нивните синџири за производство и снабдување во Кина, како и ги ограничуваат патувањата.

Поради строгата кинеска политика на „нулта толеранција“ на коронаворусот, германскиот канцелар Олаф Шолц и делегацијата на германските претприемачи во петокот утрото беа тестирани на Covid-19 веднаш по слетувањето во Пекинг во петокот утрото. Притоа здравствените работници во заштитни одела влегле во авионот за да земат примероци, извести новинарот на Reuters кој патувал со делегацијата.

„Би требало да се придржуваме до принципите за ставање на луѓето и животот на прво место, како и пошироката стратегија за спречување на увозот на вирусот однадвор и внатрешните жаришта“, изјави портпаролот на здравствената комисија Ми Фенг.

Брифингот следеше по седмицата во којашто глобалните пазари пораснаа поради надежите дека Кина ќе ги ограничи епидемиолошките ограничувања, што дополнително се зајакна во петокот кога поранешен функционер за контрола на болестите на банкарска конференција рече дека Пекинг во претстојните месеци ќе внесе „значителни“ промени во политиката против Covid-19.

Кина во петокот извести за 3.837 нови случаи на Covid-19, од кои 657 биле симптоматски а 3.180 асимптоматски, што е благ пад во однос на шестмесечниот максимум од 4.045 нови случаи пријавени во четвртокот.