Кина остро реагира на изјавата на Блинкен за Тјананмен

Портпаролот на кинескот министерство за наворешни работи Ванг Венбин изјави во петокот дека Кина ги отфрла коментарите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за годишната од настаните на пекиншкиот плоштад Тјананмен како „мешање во внатрешните работи“.

„Соопштението на Блинкен претставува мешање во кинеските внатрешни работи“, рече Ванг на редовниот брифинг за новинарите.

„На 4-ти јуни се навршува 32-годишнината од крвавото задушување на протестите кое го спроведе Народна Република Кина на плоштадот Тјананмен, усмртувајќи илјадници демостранти кои само повикуваа да се почитуваат нивната права и слободи, Човекови права се универзални, а сите влади мора да ги штитат и промовираат“, објави државниот секретар Блинкен на Twitter.

Децении од овие настани на кои се осврна Блинкен семејствата на лицата кои се водат како жртви со подршка на Западот од кинеските власти сѐ уште бараат да ја поткрие и призане вистината за тоа.

Роднините кои се поврзани со мрежата „Мајките на Тјананмен“ бараат „вистин, компензација и договорност“, се наведува во отвореното писмо коешто во петокот го објави организацијата Human Rights in China (HRiC) одбележувајќи ја годишнината од овојо настан.

„Триесет идве години подоцна, и натаму не гледаме никави официјални обиди да се разоткријат информациите за крвопролевањето, а убниствата од јуни 1989 година остануваат рабни за владата“, се наведува во писмото.