Кина остро реагира на посетата на американските конгресмени на Тајван

Пекинг повторно го повикува Вашингтон да престане да се меша во кинеските внатрешни работи и да се придржува до политиката на „една Кина“, објави на Twitter во неделата Лиу Ксијаоминг, специјален претставник на кинеската влада за Корејскиот полуостров.

Изјавата на високиот кинески дипломат доаѓа неколку часа откако беше објавено дека делегација американски конгресмени се во дводневна посета на Тајван. Како што претходно објавија медиуми, посетата на американскиот Конгрес предводена од сенаторот Ед Марки на допатувала во Тајпеј каде во неделата и понеделник ќе одржи низа средби меѓу кои и со тајванската претседателка Цаи Инг-вен, и е втората група највисоки американски функционери кои пристигнуваат на островот среде воените тензии со соседна Кина која островот го смета за своја одметната покраина.

„Ова е многу опасен потег кој е како играње со оган. И оние коишто си играат со оган, од него и ќе загинат. Ги повикуваме овие земји да се придржуваат до политиката ‘една Кина“, соодветно да се однесуваат со прашањата во врска со Тајван, како и да престанат да се мешаат во внатрешните работи на Пекинг“, пишува Ксијаоминг.

Порачува и дека секој што ќе се обиде да го спречи повторното обединување на Кина ќе се соочи со „голем челичен ѕид“ направен од рацете на повеќе од 1,4 милијарди жители на земјата.

Ситуацијата околу Тајван ескалираше по неодамнешната патување на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, со што по 25 години беше нарушена практиката на Вашингтон на Тајван да не ги испраќа највисоките државни функционери придржувајќи се на правилата за „статус-кво“ на Тајван и на „една Кина“.

Посетата на Пелоси на островот поттикна нова спирала тензии во Тајванскиот теснец, од 4-ти август кинеската армија започна да изведува воени маневри околу Тајван. Претседателка Цаи Инг-вен изјави во четвртокот дека кинеската закана со сила не е намалена, иако првично изгледало дека слабее интензитетот на најголемите кинески воени вежби кога и да одржани околу островот.

Покрај тоа, Пекинг воведе лични санкции за самата Ненси Пелоси, членови на нејзиното семејство и два тајвански фонда поврзани со нив.

Одговорноста за сите негативните последици од посетата на високите американски функционери на Тајван ќе ја понесат Вашингтон и Тајпеј, предупреди кинеското министерството за надворешни работи.

Кина не го признава суверенитетот на Тајван и го смета за своја одметната покраина, и категорично се спротиставува на секој контакт на тамошните власти со официјални претставници на власти и воејските на други земји.