Кина осуди американски државјанин на доживотен затвор за шпионажа

Кинескиот суд осуди 78-годишен американски државјанин на доживотен затвор, обвинет за шпионажа.

Џон Шинг-Ван Леунг, кој има американски пасош и постојано живеалиште во Хонгконг, кој до 1990-та беше британска колонија, осуден е во понеделникот на судот во источниот град Сужу, близу мегалополисот и кинеска финансиска престолнина Шангај.

Притоа запленета е сопственоста на Леунг во вредност од 72.000 американски долари.

Леунг е уапсен во април 2021 година, но освен тоа многу малку поединости за овој случај се познати, како и за обвинувањата против него. Американските функционери сѐ уште не ја коментираа пресудата.

Во заднината на последните години сѐ повеќе влошените односи меѓу двете економски велесили, САД, исто така, преземаат сѐ повеќе мерки против кинески државјани обвинети за шпионажа.

Кинеските власти во меѓувреме покренаа истраги за шпионажа од странски консултантски компании коишто се активни во земјата. Во координирани акции неодамна извршени биле претреси на канцеларии во Пекинг, Шангај, Шенжен, Сужу и други градови ширум земјата.

Кина кон крајот на април воведе измени во својот закон за шпионажа, со што покрај државните тајни се опфатени и националните интереси, за кои западните критичари велат дека се „многу нејасни