Кина отворена за нови трговски преговори со САД

Кина е отворена за нови трговски преговори со САД, но не најавува ништо во врска со можна средба на кинески и американски челници на самитот на Г20 подоцна во јуни, соопшто кинеското министерство надворешни работи во понеделникот.

Американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати најави дека се подготвува за средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг во рамките на средбата на челниците на земјите од групата Г20 во Осака кон крајот на јуни, но Кина тоа не го потврдува.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин рече во саботата дека средбата на челниците има некои паралели со средбата на врвот на Г7 во Буенос Аирес минатиот декември, на кој Вашингтон го одложи зголемувањето на царините, а двете страни ги продолжија преговорите.

Генг Шуанг, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, обраќајќи се пред новинарите во Пекинг, повторно не потврдил никаква средба. Но Генг и други кинески функционери забележаа дека американската страна неодамна во повеќе наврати истакнала дека се надева на средба меѓу Трамп и Кси.

„Доколку за тоа има конкретни вести, Кина тоа ќе го објави навремено“, рекол Генг и додал дека во врска со трговскиот спор и прегововрите, позицијата на Кина е многу јасна.

„Кина не сака да учествува во трговска војна, но и не се плаши од неа. Доколку американската страна сака да се водат рамноправни преговори, тогаш нашата врата е отворена. Доколку американската страна инсистира на ексалирање на трговските тензии, ние цврсто ќе одговориме и ќе се бориме до крајот“, рекол Генг.