Кина планира нови царини на увозот од САД

Кина сака да воведе нови царини на американски увоз во вредност од 2,4 милијарди евра во спорот околу субвенциите покренат пред Светската трговска организација (СТО – WTO), според документот објавен во Женева.

Во спорот кој беше покренат во 2012 година Кина се жалеше пред СТО на царините кои САД ги воведоа за да се ублажат ефектите од наводните кинески субвенции за компаниите во државна сопственост. Арбитрите на СТО утврдиле дека американските царини не се во согласност со меѓународните трговски прописи и Вашингтон ги прилагоди.

Кина потоа изрази незадоволство од прилагодените американски царини и СТО во јули годинава потврди дека САД адекватно не ги примениле нивните претходно пресуди.

Според пропистите на СТО, Пекинг сега може да одговори со воведување царини на американскиот увоз. На почетокот од следната седмица СТО ќе го разгледа кинескиот предлог за воведување царини на увозот на американски стоки во износ од 2,4 милијарди долари.

Конечната одлука за вкупната вредноста на американските стоки на кои Кина може да воведе царини ќе ја донесат арбитрите на СТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.