Кина подготвена да ги брани своите интереси во трговската војна

Кина е потполно подготвена да ги брани своите интереси во трговската војна со САД, но се надева дека Вашингтон може да ги реши проблемите по преку дијалог наместо преземање еднострани чекори, соопшти во четвртокот кинеското министерство за трговија.

Кина е решителна и способна да ги брани своите интереси, меѓутоа се надева дека може да се најде на половина пат со САД, рече за новинарите портпаролот на кинеското министерство за трговија, Гао Фенг.

Заменикот на кинескиот премиер Лиу Хе, кој ја предводи делегацијата којашто би требало да го одржи разговорите со американските колеги во Вашингтон подоцна во четвртокот и петокот со цел да се спаси договорот, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со зголемување на наметите на кинеските стоки. Трамп во средата рече дека Кина го „прекршила договорот“ постигнат во треговските преговори со САД и дека нема да се откаже од воведувањето нови царни доколку Пекинг „не се согласи да ги мами нашите работници“.

Постигнувањето на договорот бара преземање напори од двете страни, рече портпаролот на министерството за трговија додавајќи дека посетата на Лиу ја покажува искреноста на Кина. Пекинг се спротиставува на едностраното наметнување на царините, а во трговската војна нема победници, рече Гао.