Кина порача дека никогаш нема да потклекне во трговските преговори со САД

TOPSHOT - US President Donald Trump (L) and China's President Xi Jinping leave a business leaders event at the Great Hall of the People in Beijing on November 9, 2017. Donald Trump urged Chinese leader Xi Jinping to work "hard" and act fast to help resolve the North Korean nuclear crisis, during their meeting in Beijing on November 9, warning that "time is quickly running out". / AFP PHOTO / Nicolas ASFOURI (Photo credit should read NICOLAS ASFOURI/AFP/Getty Images)

Кина никогаш нема да им се предаде на надворешните притисоци, порача владата во Пекинг во понеделникот, иако не објави како ќе му возврати на Вашингтон по новите закани дека ќе наметне царини за сите преостанати кинески производи кои се увезуваат во САД.

Трговската војна која ја отворија САД кон Кина влезе во нова фаза, откако Вашингтон ги зголеми царините за кинески стоки во износ од 200 милијарди долари, бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Пекинг „го прекршил договорот со непридржување“ до претходно догоговорените правила во текот на неколкумесечните преговори. Трамп воедно му нареди на американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер да започен наметнување царини на сите преостанати увозни производи од Кина, со што би биле опфатени кинески стоки во износ од дополнителни 300 милијарди долари.

Пекинг вети дека ќе им одговори со соодветни мерки на Соединетите држав, но сѐ уште не најави никаков конкретен потег.

„Што се однесува на поединостите, ве молиме да продолжите да внимателно да следите. Како што би рекле Американците: кој чека, ќе дочека… Неброено пати досега истакнавме дека додавањето нови царини нема да го реши проблемот. Кина никогаш нема да потклекнува на надворешните притисоци. Имаме самодоверба и способноста да ги заштитиме нашите законски и легитимни права“, изјави портпаролот на кинескиот министер за надворешни работи Генг Шуанг запрашан за заканите од САД со нови царински тарифи.

Кинеските државни медиуми во понеделникот ги пренесуваат изјавите на државни функционери дека Кина е отворена за преговори, но дека се обврзани да ги одбранат интересите и дигнитетот на земјата. Јавната телевизија објави дека влијанието на царините врз економијата на земјата ќе биде „тотално под контрола“. „Тоа не претставува голем проблем. Кина умее кризата да ја претвори во шанса, и на овој начин и ќе се тестрираме за уште повеќе да ја зајакнеме земјата“, се наведува во коментарот.

Кина во пресрет на последните преговори се обиде да ја анулира обврската околку спроведувањето на измени на законот за интелектуална сопственост и ткн принудниот трансфер на технологии, за што ја обвинуваат САД. Овој потег ги забави преговорите. Трамп од тогаш го брани зголемувањето на царините и истакна дека „не се брза“ да ги заврши преговорите. Економскиот советник на Белата куќа, Лари Кадлоу, изјави во неделатата дека постои „голема можност“ дека претседателот Трамп ќе се сретне со кинескиот колега Кси Џинпинг на самитот на Г20 во Јапонија кон крајот на јуни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.