Кина потврди дека мртвите во камионот во Англија се нејзини државјани

Кинеското министерство за надворешни работи потврди дека 39-те лица кои се пронајдени мртвио во камион недалеку од Лондон, се Кинези, објави во средата кинескиот весник на англиски јазик The Global Times.

Весникот, кој го издава Народниот весник (People’s Daily), службениот весник на кинеската Комунистичка партија, објави дека министерството во одговор за весникот дека „во овој момнет ништо не може да објави“.

Британската полиција претходно во четвртокот ги потврди извештаите на британските медиуми за тоа дека жртвите најдени во камионот се кинески државјани.

СКтанува збор за 38 возрасни и еден тинејџер, чии тела беа откриени во средата во камион-ладилник во индустриската зона источно од Лондон. Камионот најден во Грејс во грофоцијата Есекс, околу 35 километри истчно од Лондон, е регистриан во Бугарија.

Белгиското обвинителство потврди дека камионот испловил од пристаништето во Зеебруг. Возачот на камионот, 25-годишник од Северна Ирска, е уапсен и осомничен за убиство на 39 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.