Кина повеќе не го објавува бројот на заразените со Covid-19

Кинеската национална Комисија за здравство од средата престанува да го објавува бројот на асимптоматските случаи на зараза со Covid-19, бидејќи многу жители повеќе не се тестираат, но бројот на заразените со коронавирусот SARS-CoV-2 силно расте и тешко е да се даваат точни податоци за вкупниот број на заразените, пренесуваат медиумите.

Епидемијата на Covid-19 експлодираше во Кина, но вистинските димензии не е возможно да се одредат, призна во средството тамошното министерство за здравство, бидејќи тестовите повеќе не се задолжителни во рамките на мерките со коишто владата во Пекинг одговори на барањата на западните трговски партнери и на протестите во неколкуте големи градови индустриски центри поради дотогаш строгите епидемиолошки мерки со кои беше отежнато движењето.

Со новиот бран зарази со Covid-19 особено е погоден главниот град Пекинг и неговите 22 милиони жители, и таквата ситуација е сосема нова за кинеската престолнина поради епидемијата која последните денови брзо се шири, известува AFP.

Заменичката на кинескиот премиер, Син Чунлан, изјави дека бројот на заразените „брзо расте“ во престолнината. Многу жители на Пекинг на социјалните мрежи објавуваат дека се заразени, а некои компании ги објавија податоците дека 90 отсто од нивните вработени се заразени.

Овие масовни зарази во Пекинг, кој изминатите две години од пандемијата имаше ниски показатели за заразите и смртните исходи, претставуваат шок за повеќето Кинези, бидејќи само малку од 1,4-те милијарди население во земјата имаат прележано Covid-19 од почетокот на пандемијата во декември 2019 година.

Кима минатата седмица драстично ги ублажи епидемиолошките ограничувања за спречување на ширењето на Covid-19 со кој претходно максимално настојуваше да ја ограничи бројката на заразените и починатите.

Властите го укинаа автоматското одење во карантин на лицата кои на тестирањето биле позитивно и престана масовното тестирање со PCR тестови коишто беа задолжителни. Последица од таквата промена на политиката „нулта толеранција“ на коронавирусот беше тоа што драстично се намалил бројот лица кои се тестираат на сопствена иницијатива.

Во вторникот во цела Кина беа потврдени 369.918 заразени со симптоми на Covid-19. Со тоа паднал и бројот на новопотврдените заразени, што дава неточна слика за подобрување на ситуацијата.

Здравствените власти известија дека на 13-ти декември имало 2.291 новозаразен. Ден претходно имаше 7.679 новозаразени, од кои 2.315 сиптоматски и 5.364 асимптоматски зарази. Нема известување за смртни случаи од Covid-19, а бројот на починатите од оваа коронавирусна болест останува на податокот од средата на 5.235 починати. Кинеското Министерство за здравство потврди дека официјалните податоци не ја одразуваат вистинската ситуација.

„Повеќето луѓе носители на вирусот немаат симптоми и затоа не се тестираат со PCR тест, и оттаму не е возможно да се имаат точни податоци за вистинскиот број на заразените“, наведува министерството.

Туристичкото биро објави во вторникот дека се обновува туристичките групни патувања во Пекинг, како и од него. Поради тоа се стравува дека епидемискиот бран би можело да се прошири на другите делови од Кина, а што би можело тешко да се одрази врз болничкиот систем кој е послабо развиен во посиромашните кинески провинции.

Истовремено се јавува загриженост и во врска со возрасните лица, од кои милиони не се вакцинирани, што поради сопствени избор што затоа што не можеле да дојдат до центрите за вакцинација и не се целосно имунизирани против Covid-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.