Кина повика на резгледување на податоците за воените биоактивности на САД во Украина

Кина смета дека меѓународната заеднит треба сериозно да ги разгледа податоците коишто ги преземтира Русија за воено-биолошките активности на САД во лаборатории во Украина, изјави во поеткот заменикот на кинескиот амбасадор во Обединетите нации, Даји Бин, на заседанието на Советот за безбедност при светската организација.

„Кина со загриженост го следи новите материјали презентирани од руската страна. Информациите за воената биолошка активнсота, вклучутелно и документацијата од Русија, треба да предизвикаат голема загриженост кај меѓународната заедница“, изјавил кинескиот дипломат.

Даји притоа повикал и на правна процена на доказите коишто претходно во Обединетите нации ги презентираше руската дипломатска мисија.

„Ние го поздравуваме (спроведувањето) процена на документите откриени од руската страна, од страна на меѓународната зедница во рамките на BTWC (Конвенцијата за бактериолошко и токсинско оружје) и во Обединетите нации“, додал Дији.

Стручањаци на руското министерство за одбрана посетиле две биолошки лаборатории во украинскиот јужен пристанишен град Мариупол, со мнозинсто проруско население, кој грчевито го бранеа украинските сили, и таму откриле назнаки дека набрзина била уништувана документација.

Како што и претходно објави руското министерство за одбрана, од документацијата предадена од украински соработници на лаборатории, произлегува дека во Украина изминатите години била формирана мрежа од биолошки лаборатории, кои работеле финансирани и во интерес на САД, но опремата и материјалите за продолжување на програмата биле остранети непосредно пред почетокот на руската офанзива во Украина на 24-ти февруари. Руската страна заклучува дека Украина всушност станала полигон за тестирање на американски Пентагон за развој на компаненти на биолошко оружје и тестирање нови фармацевтски препарати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.