Кина денес е прекриена со опасен отровен смог, каде нивото на најопасните честички е речиси 50 пати повеќе од дозволениот максимум на Светската здравствена организација.
Нивото на ПМ 2.5 „честички на материја или загадливи честички“ кои се сметаат за посебно штетни по здравјето, достигна 860 микрограми на кубен метар денеска во Чангчунг, главниот град на провинцијата Џилин во североистокот на Кина, па градските власти преземале мерки.
Светската здравствена организација препорачува дозволеното ниво на ПМ за 24 часа во просек да биде 25 микрограми на кубен метар, пренесува МИА.
Градските власти соопштија на социјалните мрежи дека покренале ниво три како одговор на вонредната ситуација, што значи дека училиштата ја запреле наставата на отворено, се препорачува на населението „за заземат зелен транзит“, односно да останат во затворен простор и да се преземат здравствени мерки, без да се соопшти што точно подразбираат.
Проблемите со загадувањето во Кина предизвикаа предвремена смрт на стотина илјадници жители, што предизвика огромно незадоволство на граѓаните кон власта.