Кина презема реципрочни мерки за американските дипломати

Кинеските власт соопштија дека воведуваат реципрочни мерки за американски дипломати на нивна територија. Од сега натаму, тие ќе треба да ги информираат властите пред да имаат средби со чиновници или експерти.

Кинеското МНР треба да биде информирано пет дена пред каква било средба.

Портпаролка на Министерството објасни дека таа одлука е одговор на мерки преземени од САД во октомври.

– Ги повикуваме САД да ги поправат грешките и да се откажат од такви мерки, изјави портпролка на МНР на Кина.

Во октомври Вашингтон им нареди на сите кинески дипломати да го известат Стејт департментот за секој официјален контакт со дипломати, претставници на локални власти и образовни институции како и на иследници.

Администрацијата на Трамп објасни дека тие мерки се одговор на фактот дека американски дипломати во Кина не може да се сретнат со претставници на властите и експерти.