Кина продолжи речиси 90 отсто од инфраструктурните проекти кои беа запрени

EPA-EFE/STRINGER CHINA OUT

Кинеските компании ја обновиле работата на околу 90 отсто од клучните инфраструктурни објекти што беа затворени за време на борбата против коронавирусот во земјата.

„Ситуацијата во земјата се уште продолжува да се нормализира и се враќа нормалниот начин на живот, меѓутоа, во различни региони заздравувањето се одвива со побавно темпо“,

изјавил Оу Хонг од Државниот комитет за развој и реформи на Кина.
Со исклучок на провинцијата Хубеи каде се појави коронавирусот, во различни региони на Кина биле запрени околу 11 000 инфраструктурни проекти, а од вчера во 90 отсто од нив се продолжило со работа.