Кина против Covid-19 целосно вакцинирала 76 отсто од населението

47

Кина досега вакцинирала со двете дози 75,6 отсто од својата вкупна популација, информираше во неделата портпаролот на Националната здравствена комисија, Ми Фенг.

Околу 1,068 милијарда луѓе во моментов се вакцинирани со потребните дози, од вкупно 1,412 милијарда жители, изјави Ми на брифингот за медиумите.

Кина до 23-ти откомври употреила вкупно 2,245 милијарди дози од вакцините против Covid-19, според официјалните податоци на владата.

На лица коишто последната доза ја примиле пред најмалку шест месеци, Кина им ја дава дополнителната ткн „бустер“ доза, во прв ред на приоритетните групи, кои ги вклучуваат вработение во клучните служби, повозрасните лица и оние со послаб имунолошки систем од разни причини.

Во многу региони на земјата кинеските здравствени власти го запреа ширењето на коронавирусот, а спорадичните локални епидемијата се мали во споредба со таквите во другите земји во светот.

Меѓутоа, Ми во неделата предупреди дека постои сѐ поголем ризик дека последната епидемија во Кина, во која се регистрирани над 100 заразени впо една седмица во 11 покраински подрачја, да се шири натаму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.