Кина разви дрон што би можел да ја пробие одбраната на носачите на авиони

Кинеските научници развија иновативна „летечка“ беспилотна подморница – дрон, што би можело да биде еден од најевтините и најефикасните методи за онеспособување на одбранбениот систем на флотата на носачите на авиони, смета професорот Џи Ванфенг.

Истражувачкиот тим тврди дека развил и тестирал прототип на подморница – беспилотно летало што може да плови и лета и автономно да извршува воени и цивилни задачи како што е испитување подводни мини. Беспилотното летало може бавно да се приближува до подводна цел и да остане на едно место значително време благодарение на неговите четири пропелери вклучувајќи ги и предните два кои можат да се навалуваат. Кога дронот ќе излезе на површината, две крила се протегаат и му овозможуваат да лета, а ова летало може да достигне брзина од 120 km/h. Ова значи дека е двојно побрз од типичен дрон со пропелери.

Беспилотното летало троши малку енергија додека лета, па може брзо да извршува мисии на долг дострел, рече професорот и водечки научник во проектот Анг Хаисонг. Тој додаде дека Кина развива различни видови „возила“ кои можат да летаат и пловат.

„Претежно тие се за воена употреба, а некои можат да летаат со суперсонична брзина“, изјави за South China Morning Post неименуваниот истражувач, кој не е поврзан со подморницата-дронот.

Беспилотните летала кои можат да летаат и да се движат во вода се едноставен и ефикасен начин за компромитирање на одбраната на носачите на авиони. Денешните одбранбени системи можат да уништат половина од заканувачките авиони, проектили или конвенционални дронови, но новото кинеско беспилотно летало може да нурне под површината на водата кога ќе го открие радарот, а потоа да излезе на површина за да избегне сонар. Дури и мал број вакви беспилотни летала можат да ги преоптоварат или „збунат“ компјутерските системи на воените бродови. Ако дронот би можел да достигне брзина од 150 км/ч, би имал процент на „преживување“ по лансирање од далечина од 100 километри блиску до 100 отсто

Овој тип на беспилотни летала можат да вршат ефективни напади врз клучните непријателски цели и секако ќе станат моќно дополнување на постоечките борбени методи и тактики на кинеската морнарица, истакна Ванфенг. Воздушното перниче во подморницата-дронот овозможува одржување на одредена длабочина без да се создава бучава од пропелерите. Елегантното тело со повлечени крила обезбедува помал отпор и поголема агилност при движење во вода.

Брановите на површината и истовремената интеракција со воздухот и водата го отежнуваат полетувањето доколку дронот полета директно од водата, а за да се реши ова, развиен е софистициран систем за контрола кој му овозможува на дронот да „лизга“ по бранови пред полетување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.