Кина соопшти за рекорден број увезени случаи на коронавирусот

EPA-EFE/STRINGER CHINA OUT

Кинеските власти соопштија во саботата дека претходниот ден е регистриран рекорден број ткн увезени случаи на заразени со коронавирусот, односно вкупно 41 лице.

Повеќето заразени се кинески иселеници и студенти кои се вратиле во земјата од САД и Европа.

Како што Кина се опоравува од почетната појава на епидемијата, во јавноста се шири стравување од втор бран бидејќи сите ново потврдени случаи, вкупно 41, пристигнале од странство.

Според податоците на Националната здравствена комисија, досега се регистрирани 269 увезени случаи, кои пристигнале од Кина воглавно преку Пекинг и Шангај, пренесува Reuters.

Најмногу увезени случаи биле донесени од кинеските студенти кои студираат во САД и Европа по присилното затворање на студентските домови и кампуси.

До денеска, во континентална Кина се регистрирани 81.008 случаи и 3.255 смртни случаи.

Новинската агенција Xinhua известува дека властите го одобриле работењето на продавниците во станбените области на делови од Кина каде не се регистрирани нови локални случаи на зараза со коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.