Кина тестира цел град во покраината Ксинџијанг

Кинеските здравствени власти повторно спроведуваат тестирање на цел еден град на коронавирусот поради регионалното ширење на заразата во покраината Ксинџијанг- Ујгурија.

Во градот Кашгар започнало тестирањето на колу 4.7 милиони жители, а досега таму се откриени 138 асимптоматски случаи. Кина главно успеа да ја намали на незначителни показатели стапката на заразите, но и натаму се бележат помали избувнувања на инфекцијата.

Во покраината Ксинџијанг живее значитечната ујгурска муслиманска заедница, којашто според Западот и организациите за човекови права е прогонувана од кинеските власти. Пекинг, пак, возвраќа дека се пресметува само со оние кои од исламистички побуди изведуваат терористички напади во земјата и кои се поврзани со странските џихадистички групации.

Училиштата во Кашгар се затворени а жителите не смеат да го напуштат градот доколку немаат доказ за негативен резултат на тест за коронавирусот.

Првиот случај на зараза во Кашгар била жена без симптоми, вработена во фабрика за облека во округот Шуфу, на периферијата од градот. Откриено е дека е заразена при рутинско тестирање. Таа е првиот локален случај откриен во континентална Кина во последните десет дена.

Во масовното тестирање коешто започнало во саботата откриени се уште 137 случаи. До неделата попладнето по локално време во Кашгар се спроведените над 2,8 милиони тестирања, а остатокот ќе биде довршен во следните два дена, соопштија градските власти.

Иако во најголемиот дел од Кина животот нормално продолжува, и натаму се случуваат помали избувнувања на заразите поради кои властите се решаваат на масовни тестирања. Претходно во октомври во градот Чингдао беа тестирани сите речиси 10 милиони жители. Претходно во мај кинеските власти ги тестираа 11,5 милиони жители на Вухан, градот во кој беше идентификуван првиот случај во светот на зараза со новиот коронавирус.

Од 25-ти декември 2019 година, кога беше потврден првиот случај на инфекција со вирусот SARS-CoV-2 во Вухан, досега Кина забележа 85.810 потврдени случаи на заразата, но асимптоматските случаи не влегуваат во официјалната статистика. Од последиците на Covid-19 во земјата починале досега 4.634 луѓе.