Кина ги нарече „дезинформации“ тврдењата на американските официјални лица дека Русија побарала од Пекинг да и обезбеди воена помош во Украина.
Неименувани официјални лица изјавија за повеќе американски медиуми дека Русија побарала од Кина помош за нејзината инвазија.
Тоа ги поттикна САД да го предупредат Пекинг дека ќе се соочи со тешки „последици“ доколку ја поддржат Москва.
Но, говорејќи на брифинг за новинари во Пекинг, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи го обвини Вашингтон дека шири „злонамерни“ лаги за улогата на Кина во војната.
Портпаролот инсистираше на тоа дека Кина „играла конструктивна улога во поттикнувањето мир и повикувањето на преговори“.