Кина уапсила милијардер поради сомневање за злоставување деца

Кинескиот милијардер Ванг Женхуa официјално бил уапсен во Шангај во средата, објавила неговата поранешна компанија, а државните медиуми објавија дека е притворен поради обвинувања за злоставување деца.

Шангајската полиција на својот официјален профил на кинеската социјална мрежа Weibo потврдила дека двајца мажи, со презимиња Ванг и Жу, се упасени под обвинение за злоставување деца. Фоторгафии на Ванг зад решетки биле објавени на државната телевизија CCTV.

Компанијата „Future Land Development Holdings“ го отстрани 57-годишниот Ванг од должноста претседател минатата седмица, кога првпат бил притворен. Потврдиле дека е уапсен во средата вечерта без да наведе поединости за обвинувањата.

Кинескиот дневен весник на англиски јазик The Global Times минатата седмица, повикувајќи се на полицијата, објави дека првичното апсење на Ванг е поврзано со обвинување за злоставување деца. Тоа се случило откако жена подигнала обвинение дека милијардерот ја злоставувал нејзината ќерка во хотел во Шангај, објави локалната полиција.

Случајот предизвика огорченост во кинеската јавност. По неговото апсење, акциите на компанијата „Future Land“ паднаа на најниското ниво од февруари. Ванг и натаму е акционер во компанијата, а исто така е и претседател на управата на компанијата за недвижнини „Seazen“.