Кина успешно го тестирала првиот хиперсоничен прокетил

© Фото : China Academy of Aerospace Aerodynamics

Успешно е тестирано хиперсоничното летало под називот „Синкун-2“ (Ѕвездено небо), соопшти во понеделникот Кинеската академија за аерокосмичка динамика.

Тестирањето било спроведено во петокот на еден од полигоните во северозападна Кина. Леталото било во воздух десет минути, и за тоа време изршило низа маневри на височина од 30 километри и се приземјило во предвидената за тоа област.

Се наведува, исто така, дека Академијата три години се занимавала со развојот на овој уред.

Како што пишува весникот Global Times повикувајќи се на кинески воени стручњаци, проектилот е способен да понесе нуклеарни боеви глави и да ги мине постојните системи за противракетна одбрана, благодарејќи на неговата голема брзина и непредвидливата траекторија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.