Кина во последното деноноќие не регистирала смртен случај од коронавирусот

Во последните 24 часа во Кина не е забележан смртен случај од заболувањето Covid-19, што е првпат од почетокот на објавување на статистичките податоци, на почетокот од јануари кога беше објавена епидемијата од новиот сој коронавирус.

Новите случаи на зараза во Кина се намаличе во однос на претходниот месец. Сепак, земјата се соочува со втор бран случаи на инфекции кои се донесена од странство, што според здравствените власти достигнал околу 1,000 случаи.

Во последните 24 часа, пријавени се само 32 случаи на инфекција, сите кај лица кои се враќаат од странство. Уште 12 сомнителни случаи се под надзор, како и 30 асимптоматски случаи.

Во Кина, во моментов има 1.242 активни случаи на коронавирус, како и 1.033 асимптоматски пациенти, кои се ставени во изолација и надзор. Од вкупно 81.740 случаи ма заразата во Кина, почона 3.031 лице.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.