Кина во вторник го лансира леталото „Шенжу-15“ кон својата вселенска станица

Кина ќе го лансира леталото „Шенжу-15“ кон својата вселенска станица на 29-ти ноември во 23 часот (15.08 ГМТ), објави во понеделникот Кинеската вселенска агенција во понеделникот, а според планот ова е последната мисија со којашто ќе се комплетира поставата на орбиталната станица.

Екипажот го сочинуваат тројцата астронаути, кои за разлика од американскиот назив и рускиот – космонаути во Кина се нарекуваат тајконаути, Феи Џунлонг, Ден Чингминг и Жанг Лу, беше објавено на прес-конференцијата. Вселенската станица во текот на следната седмица ќе им биде предадена од тројцата астронаути кои на станицата пристигнаа на почетокот од јуни.

„Во текот на престојот, екипажот на Шенгжу-15 (Божествениот брод) ќе го дочека вселенскиот товарен брод Тијанжу-6 и ќе го предаде вселенскиот брод со екипаж Шенгжу-16, а планираат да се вратат на кинеското место на слетување Донгфенг во мај следната година“, изјави Џи Чиминг, портпарол на кинеската вселенска агенција.

„Во моментов комбинацијата на вселенската станица е во стабилен статус со сета опрема која добро функционира и е подготвена за спојување, пристанување и промопредавање на екипажот“, додаде Џи на конференцијата пренесувана на националната телевизија.

Во јули и ноември годинава во функција беа ставени преостанатите два лабораториски модули „Вентијан“ и „Менгтијан“, во коишто ќе се изведуваат научни експерименти. Планирани беа вкупно 11 мисии потребни за завршување на вселенската станица, наречена на англиски CSS, а на кинески „Небесен дворец“ и ќе биде поставена во орбитата на Земјата на височина од 340 до 450 километри. Откако ќе биде завршена CSS ќе тежи 100 тони, односно ќе биде трипати помала од ISS.

Целосното комплетирање на вселенската станица, проектирана да трае најмалку десет години, ќе претставува пресвртница во кинеските амбиции во ниската орбита околу Земјата, со застарената Меѓународна вселенска станица (ISS) којашто по најавеното руско повлекување би требало да престане со работа до крајот на деценијата.

„Тијанхе“ е главниот простор за престој на екипажот на Кинеската национална вселенска станица којашто ќе биде слична на поранешната советско-руска станица „Мир“ (Свет – од 1986 до 2001 година), а нејзиниот животен век е предвиден за 10 до 15 години.

Активностите на вселенската програма на Кина започнаа пред десет години со лансирањето на вселенската лабораторија „Тијангонг-1“ во 2011 година и лабораторијата „Тијангонг-2“ во 2016 година. Кина сака да стане водечка вселенска сила до 2030 година и вложива милијарди во својата вселенска програма, планирајќи патување на човек на Месечината, лансиорање на брод без екипаж на Марс и градење сопствена вселенска станица.

Од друга страна неизвесна е судбината на Меѓународната вселенска станица која во орбитата е подолго од две децении. Овој проект треба да заврши во 2024 година, а Русија претходно објави дека излегува од проектот во 2025 година. Русија ги продлабочува врските со Кина во Вселената откако САД со наметнувањето на стотици санкции се обидуваат со кој се опфатени и руските технолошки и вселенски програми да добијат примат. Така Москва одби да учествува во американската програма „Artemis“ за истражувања на Месечината и одлучи да му се приклучи на Пекинг во истражувањата на природниот сателит на Земјата следните години.

Се претпоставува дека Русија и Пакистан ќе бидат веројатно првите партнери во кинеската лунарна програма, а неизвесно е дали ќе им се приклучи и Европската вселенска агенција (ESA). Причината за тоа се промената на политичката клима меѓу Европската унија и Кина, по обвинувањата кон Пекинг за задушувања на слободите во Хонгонг и односот кон муслиманското ујгурско малцинство во покраината Ксинџијанг.

Можно е странски астронаути да бидат вклучени во истражувањата на кинеската орбитална станица, но секако тоа нема да бидат американски, бидејќи САД со закон ѝ забранија на својата вселнска агенција NASA секаква соработка со Кина.

Кина својот прв астронаут го испрати во Вселенста во 2003 година, а првата сонда на „темната“ сокриена страна на Месечината во 2019 година, со што стана првата земја во светот. Минатата 2020 година Кина ги доби примероците од Месечината и го финализираше „Beidou“, сопствениот систем за навигација, кој му конкурира на американскиот GSP. Кина предвидува веќе во мај да го спушти својот роботизиран уред на површината на Марс, а човечки екипаж да испрати на Месечината во 2030 година, и најави градење на стационирана лунарна база во соработка со Русија.