Кина воведе анално тестирање за ковид на две недели пред зимските Олимписки игри

Првиот случај на омикрон е забележан во Пекинг на 15 јануари, по што следеа уште десет, што ги натера градските власти да воведат строга блокада. Пекинг њуз објави дека 27 станари во зградата во која живее жената со првиот случај на омикрон биле подложени на анален тест, за кој Кинезите веруваат дека е поефективен.

Аналниот тест се прави со вметнување на стапче долго пет сантиметри со стерилизирана памучна вата во ректумот, по што се ротира, се вади и се испраќа на анализа.

Кинеските експерти уште во март минатата година се залагале за ваков инвазивен и непријатен начин на тестирање бидејќи тврдат дека трагите од Ковид може да се откријат подолго во примероците на столицата отколку во носот или грлото.

И додека нема вести за тоа како кинеското население го прифаќа овој тип на тестирање, другите земји отворено се побунија, загрижени за достоинството и менталното здравје на своите граѓани кои се наоѓаат во Кина. Јапонија веќе побарала од Кина да престане да зема брисеви од анусот, бидејќи тоа предизвикува „психолошка непријатност“ кај некои патници.

Кинескиот лекар Лу Хонгжу за државните медиуми изјавил дека патниците имаат алтернатива да ги донесат сопствените примероци од столицата до соодветните служби на аеродромот. Тоа не било прифатено за да се спречи фалсификување на туѓи примероци.

Исто како и на минатогодишните Олимписки игри во Токио, така и на Олимпијадата во Пекинг нема да има гледачи, барем не во вистинскиот број. Кинеските власти се откажаа од јавна продажба на билети и најавија дека пристапот ќе им биде дозволен само на „одбраните“ гледачи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.