Кина ѝ воведе санкции на Ненси Пелоси поради нејзината посета на Тајван

Кинеската влада денеска објави дека воведува санкции против претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси и членовите на нејзиното семејство како одговор на „злонамерните и провокативни дејствија“ за заминување во Тајван, објавија државните медиуми.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Пелоси „сериозно се мешала во внатрешните работи на Кина, сериозно му наштетила на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, сериозно го загрозила принципот, една Кина, и сериозно го загрозила мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец“, се вели во соопштението од Би – Би-Би-Си.

Кина го смета Тајван за своја одметничка провинција која мора да се обедини со копното, доколку е потребно и со сила.

„Пелоси инсистираше да оди во Тајван и покрај сериозната загриженост и силното противење од Кина. Како одговор на нејзините злонамерни и провокативни постапки, Кина одлучи да воведе санкции против Пелоси и членовите на нејзиното потесно семејство, во согласност со релевантните закони на Народна Република Кина“, се вели во соопштението објавено на кинеската државна телевизија CGTN.