Кина воведува нови мерки за сузбивање на „тивките пренесувачи“

Кина во средата ги објави новите мерки за сузбивање на ширењето на новиот тип коронавирус преку асимптоматските ткн „тивки пренесувачи“, додека земјата бележи благ раст на бројот на заболените.

Во Кина во последното деноноќие се потврдени 63 нови случаи на зараза со коронавирусот, додека ден претходно беа потврдени 62 случаи, соопшти тамошното министерство за здравство. Од 63-те заразени лица, 61 се вратиле во Кина од странство. Во моментов, според официјалните податоци, во Кина има вкупно заразени 81.665 лице.

Вториот бран на заразата во Кина значително е послаб од пикот на епидемијата во февруари, кога властите во карантин ставија неколку градови и воведоа строги ограничувања на движењето.

Покрај контролата на патниците кои се враќаат од странство, кај кинеските власти сега загриженост предизвикуваат асимптоматските пренесувачи на коронавирусот. Кина во средата објави дека се потврдени 56 нови асиптоматски случаи, како и дека од 1-ви април коронавирусот е утврден кај 657 асиптоматски лица.

Кина до 1-ви април ги објавуваше подататоците за асимптоматските лица со коронавирусот, а и натаму податоците за овие пренесувачи ги објавува одвоено од официјалниот број заразени. Само лицата кои ги развиваат симптомите влегуваат во службениот број заразени.

Кинескиот Државен совет објави нови правила за однесување со асимптоматските пренесувачи, кои во државните медиуми се нарекуваат и „тивки пренесувачи“. Според новите правила, медицинските установи мора да ги известат надлежните органи во рок од два часа дека откриле асимтопатски случај на заразата. Локалните власти потоа мора да ги идентификуваат сите контакти на заразеното лице во рок од 24 часа.

Асимптоматските пациенти ќе бидат колективно сместени во карантин на 14 дена, и ќе бидат вброени како потврдени случаи на зараза ако развијат симптоми. Блиските лица кои контактирале со асимптоматските лица, исто така, мора да бидат ставени во карантин на две седмици.