Кина забележа најголем дневен број на коронаинфекции по повеќе од десет месеци

Кинеските здравствени власти известија во петокот за највисокиот дневен број на заразени со коронавирусот по повеќе од десет месеци, а поради избувнување на епидемија на североистокот од земјата повеќе од 28 милиони жители се ставени во карантин.

Вкупно 144 новозаразени се пријавени на 14-ти јануари, се наведува во последниот извештај на кинеската национална здравствена комисија, што е пораст во однос на 138 случа ден претходно и претставува најголем дневен раст од 1-ви март, кога се потврдени 202 нови случаи на заразата во 24 часа.

Вкупниот број зарази и натаму е многу понизок отколку во текот на пикот на епидемијата во Кина во почетокот на 2020 година, меѓутоа загриженоста поради новиот бран ширум еземјата расте еден месец пред државните празници по повод лунарната нова година коа според процени во просек годишно 296 милиони луѓе патуваат само со железницата.

Комисијата соопшти дека 135 нови случаи се локални пренесувања, 90 од нив се пов покраината Хебеи околу главниот град ПЕкинг, која е најтешко погодена во последниот бран на епидемијата. Другите 43 случаи се пријавени во североисточната покраина Хеилонгџијанг, а покраините Гиуангкси и Шаанкси имаат по еден заразен.

Овој раст доаѓа во деновите која групата експерти на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во карантин во градот Вухан, каде што коронавирусот беше откриен во последната седмица од декември 2019 година. Експертите стасаа во Вухан за да го истражат потеклото на вирусот кој се смета за главна причина за смртта на близу два милиона луѓе во светот во последните 14 месеци.

Ескпертскиот тим, кој доценеше поради чекањето на одобрувањето од Пекинг да влезе во земјата, имаше уште еден застој во четвртокот, кгоа двајца членови мораше да ги остави во Сингапур откако е утврдено дека се позитивни на коронавирусот.

Кина во рамките на напорите против ширењето на коронаворусот бара сите патници од странство да покажат негативен резултата на тест за нуклеинска киселина и негативен тест на lgM антитела во серумот во рамките на 48 часа од влегуваето во земјата.

Двајцата членови на СЗО биле негативно тестирани на тестот за нуклеинска киселина, бо биле позитивни на имуноглобулинот М, или lgM антитела, и не можеле да се качат на летот заеднос од остатокот од тимот на организацијата.

lgM антителата се развиваат брзо по заразата и нивната присутност био можела да знали дека во тек сѐ уште е активна зараза. СЗО соопштио дека двајцата нејзини експерти повторно ќе бидат тестирани.

 

Владата апелира Кинезите да не патуваат

Кинеските власти апелираат до граѓаните да се воздржат од традиоционалните масовни патувања кои не неопходни во текот на празниците за линарната нова година следниот месец кога стотици милиони Кинези одат во родните места внатрешноста во посета во посета на семејствата или се решаваат за посета на туристичките дестанации.

Хеилонгџјианг, која веќе прогласи вонредна состојба поради коронавирусот, ги повика своите 37,5 милиони жители да не патуваат во текот на празниците и да ги избегнуваат собирањата.

„Апелите кои упатуваат централните и локалните власти луѓето да избегнуваат патувања од меѓу регионите во текот на празниците се разумни и неопходни, бидејќи се темелат на науката и искуството од прва рака. Тука не станува збор само за сопстевена и заштите на своите семејства, туку и за спречување на јасната и присутна опасност за нашите непосредни и за пошироката заедница“, објави официјалното владино гласило на англиски јазик The China Daily во својот уводник објавен во петокот.

Потретседателот на кинеската државна железница, Ли Венксин, очекува околу 296 милиони патувања на патниците во текот на новогодишниот период, пренесува службената новинска агенција Xinhua, во споредба со 410 милиони во 2019 година, последен пат кога немаше поголеми ограничувања за патувањата во текот на празничниот период.

 

Последни показатели

Бројот на асимтоматските случаи на заразата при кои пациентите не развиват никаква форма на болеста Covid-19, а коишто Кина не ги вбројува во потврдените случаи туку ги бележи како посебни, паднал на 66 од 78 ден претходно.

Вкупно потврдениот број случаи на Covid-19 во континентална Кина во моментов изнесува 87.988 случаи, додека бројот на починати во текот на епидемијата од декември 2019-та досега изнесува и натаму 4.635 луѓе.

Дневните податоци на националната комисија ги исклучуваат и податоците на регионите со специјален статус Макао и Хонгконг, и нивните бројки се објавуваат посебно. Покрај тоа, терминот „континентална Кина“ се однесува и на тоа што Пекинг во извештаите ги исклучува и податоците од Тајван, за кој тврди дека е негова отцепена островска провинција.