Кинеска фирма го купила политичкото училиште, ќе гради хотел и спомен парк во спомен на Тито

137

Со одлука на хрватската влада поранешната Политичка школа во Кумровец, родното место на поранешниот доживотен претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, е продадена на кинеската фирма Џонгја недвижнини, за 14,09 милиони куни, пишува хрватскиот Пословни дневник.

Кинеската компанија била единствениот понудувач.

Сопственичка на кинеската фирма е Џијанг Ју, и има намера да ги претвори објектите на поранешната политичка школа во хотел, но и да отвори спомен парк посветен на Јосип Броз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.