12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Кинеска писателка се суди со болница , одбиле да и замрзнат јајце-клетки зашто била немажена

Немажена жена од Кина, инаку успешпна писателка,  денеска поднесе тужба против болница која одбила да ги замрзне јајце – клетките поради нејзиниот брачен статус.

Тоа е прв ваков правен случај на жена која се бори за репродуктивните права во Кина, пренесува Ројтерс.

Поточно, според кинескиот закон за вештачко оплодување, само на брачните двојки им е дозволено да користат вакви медицински услуги и мора да обезбедат доказ за нивниот брачен статус.

31-годишната Тереза ​​Ксу во болницата во Пекинг во ноември 2018 година побарала за и ги замрзне јајце- клетките бидејќи во тој момент се концентрирала на кариерата како писателка.

Инаку, квалитетот на женските јајца се намалува со стареењето и претставува проблем за зачнување во подоцнежна возраст. Користејќи медицинска постапка, можно е да се отстранат јајце – клетките од жена и да се замрзнат , за да се користат подоцна.

Ксу изјави дека при првата посета на болницата, докторката ја прашала за нејзиниот брачен статус и ја советувала да се породи сега наместо да ги замрзнува јајцата. За време на нејзината втора посета,докторката ја известила дека не може да ја продолжи постапката.

„Дојдов таму на професионален третман, и наместо тоа, бев убедувана да ја ставам настрана кариерата. Во ова општество и култура, јас веќе сум била подложена на премногу притисок “, изјави Тереза.

Болницата одбила да го коментира овој случај за Ројтерс.

Брзо растечката кинеска економија создаде услови невенчаните жени да станат финансиски независни, но истото не важи и за владините политики и медицинските услуги.

„Ова е системски проблем затоа што ја става нежената жена во тешка позиција“, додаде Ксу, која исто така рече дека размислува за нелегални клиники.

Оние жени кои можат да си го дозволат тоа , одат во странство за да ги замрзнат своите јајца. Ксу рече дека ја разгледувала опцијата, но за неа е премногу скапо. На пример, во Тајланд, таа би платила околу 14,000 долари за оваа услуга.

Ксу смета дека нејзиниот судски процес ќе трае со месеци.